Тркалезна маса за проектот за поддршка на слепите лица

Во просториите на Клубот на органите на државната управа ќе се одржи тркалезна маса посветена на иницијативите на институциите на системот за преземање и продолжување на имплементација на проектот за…

Во просториите на Клубот на органите на државната управа ќе се одржи тркалезна маса посветена на иницијативите на институциите на системот за преземање и продолжување на имплементација на проектот за поддршка на слепите лица во Македонија.

Настанот во организација на Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, УСАИД, Интернационалната фондација Лајонс Клуб и Универзитетот на Југоисточна Европа.

На настанот ќе бидат презентирани досегашните постигнувања во работата со младите со оштетен вид, како и плановите на поединечните министерства и институции за зајакнато партнерско делување.

Предвидени се обраќања на министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на САД Џес Бејли.

И покрај се убаво е да се види дека нешто се прави за некоја ранлива катеорија на граѓани во државата, но тешкото е тоа што ова ќе испаднат само празни муабети и дебати, дека треба да се подржи и да се помогне на слепите лица во Македонија, меѓутоа од тоа нема ништо да испадне да се реализира. Како што можевме да бидеме сведоци на се претходно што било промовирано од страна на министерот Филипче и степенот на реализација на дадените ветувања, ова е единствениот коментар што можеме да го извлечеме од се досега покажано.  – посочија коментар подобро упатените на социјалните мрежи


Related Articles