Специјалниот завод во Демир Капија е една од најголемите институции за згрижување на лица со попреченост, а воедно и најозлогласена.

Сите одделенија од Специјалниот завод Демир Капија се во лоша состојба и не исполнуваат минимални услови за живот. Надворешниот дел на градбите се во лоша состојба, ѕидовите се нагризани, а фасадата е падната на повеќе места. Собите во кои се сместени штитениците се полни со влага и мувла. Во нив речиси нема шкафови, ќебињата се стари и истрошени и на повеќе кревети немаше перници, сето ова дури се наведува и во извештајот на Хелсиншки комитет. Дел од штитениците својот доручек го имале веднаш до распаднатите тоалети, кои не биле исчистени и од каде што се ширела ужасна смрдеа.

Мила Царовска на 1 август 2017 година посочува веднаш да се предвидат волонтерски тимови од граѓанскиот сектор кои ќе помогнат во работењето и подигнувањето на стручните капацитети на Специјалниот завод – Демир Капија, ќе се овозможат тренинзи за стручните лица кои работат во Специјалниот  завод, а кои се однесуваат на подготовка на планови за трансформација и за обезбедување на услуги во локалната заедница, итно подобрување на хигиенските услови и здравствената нега во установа.

Кога сето ова не се исполни и не се изреализира министерката на 6 јуни 2018 година ветува дека ќе се изврши деинституционализација која е премин од социјална грижа во големи „безлични“ институции кон грижа во заедницата. Со ова ќе се овозможи развој на социјални услуги по мерка на граѓаните и можност за активно учество на згрижените лица во животот во заедницата.

Тој период вкупно вкупно седум деца од Специјалниот завод Демир Капија беа преместени во мали групни домови во кои требаше да им се обезбедат сите услови и услуги за успешен раст и развој.

Сепак активистите на „Полио Плус“ се скептици на мерките кои ги реализира министерката, образложувајќи дека нешто за да биде успешно зависи какви луѓе ќе се внесат внатре, односно какви луѓе такви процеси. Односно подигнувањето на капацитетот на постоечкиот кадар кој што располага државава не може да се промени само со обуки, бидејќи сите тие луѓе поминале низ малте не многу обуки и тие знаат што треба да прават, меѓутоа потребно е да се воведе целосна рехабилитација на образовниот кадар особено во Институтот за дефектологија и институтот за социјална политика.

Активистите од  „Полио Плус“ со порака до министерот за финансии и министерката за труд и социјална политика кога ќе го прават буџетот потребно е секоја една буџетска ставка исто така да ја разгледуваат од аспект на заедницата со хендикеп и тогаш да се знае кој, што, кому, каде, како итн.