Царовска на панел дискусија, дали има можност за отвореното општество во Македонија !

Како министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска учествуваше на панел дискусијата „Има ли шанси отвореното општество во Македонија’’, која беше организирана во рамки на одбележувањето на 25-годишниот јубилеј…

Како министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска учествуваше на панел дискусијата „Има ли шанси отвореното општество во Македонија’’, која беше организирана во рамки на одбележувањето на 25-годишниот јубилеј на Фондацијата отворено општество Македонија.

И покрај тоа што главните работни задачи и обврски кои треба да ги завршува министерката во нејзиното министерство се оставени така, најавените покачувања на социјалната помош сеуште ги нема, Царовска на оваа панел дискусија нагласи дека борбата за отворено општество не е запрена, ниту во моментов сите пори на општеството се отворени, за да нешто се случи, меѓутоа сепак се случувадвојазичноста во рамките на оваа институција иако таков декрет и одлука како и закон за јазиците не е сеуште официјално донесен, соопштија денес од Министерството за труд и социјала.

Царовска според неа оцени дека институцијата со која раководи успешно се движи во таа насока, а во наредниот период засилено ќе се градат партнерства кои ќе го вклучат граѓанството во донесувањето одлуки, но и во нивната имплементација.

Ако таа самата не си ја пофали институцијата и самата себе никој друг нема тоа да го потврди бидејќи не е вистина. Тоа ќе се случи најверојатно со новиот закон за социјална заштита, особено во делот на обезбедување на социјалните услуги, како главен столб на реформата. Плуралната социјална заштита значи градење систем во кој и граѓанските организации, и приватниот сектор, но и физички лица учествуваат и испорачуваат услуги, а нив ги купува државата.

Како што нагласи министерката, граѓанските организации треба да се вклучени и во креирањето, но и во критикувањето на политиките. Во таа насока треба дополнително да се развијат структурирани владини механизми за двонасочна комуникација со граѓаните и организациите.


Related Articles