Царовска не исплатила додаток за трето дете за 2018 година, а се планира и негово укинување

Од почетокот на годинава ниту една мајка нема земено родителски додаток за трето дете, а станува збор за околу 8.000 денари, велат извори упатени во оваа област. Според подотоците од…

Од почетокот на годинава ниту една мајка нема земено родителски додаток за трето дете, а станува збор за околу 8.000 денари, велат извори упатени во оваа област.

Според подотоците од Министерството за труд и социјална политика, со ова практично се оштетени околу 22.000 корисници.

Согласно правните норми, на почеток на секоја година се прави обнова на документација. Со тоа што не е даден додаток за трето дете само се покажува дека министерката за труд и социјална пшолитика, Мила Царовска и Центрите за социјална работа кои се под нејзина палка, спијат. Или голем дел од лицата кои треба да го остварат ова право се уште немаат земено средства од јануари, па навака. Ова е доказ дека предметите не се решени.

Дополнително, според наши извори, се подготвуваат законски измени според кои овој додаток ќе се укине или практично планот на Владата и ресорното министерство планираат да даваат само еднократно надомест. Според планираните измени за прво дете ќе се даваат еднаш само 5000 денари, за второ дете само 20.000 денари, а за трето дете еднократно ќе се доделат 60.000 денари.

Минатата година народниот правобранител не само што укажа дека треба да се доделува овој додаток за трето дете, туку дека истиот треба да се доделува и на татковци.

-И таткото треба да има право на родителски додаток за трето дете, рече минатата година во јуни народниот правобранител, Иџет Мемети кој до Министерството за труд и социјална политика поднесе барање за измени и дополнување на законот за заштита на децата.

Правобранителот смета дека со постојниот закон, татковците се дискриминирани иако во поголем дел од случаите и тие ја играат улогата на мајката и се грижат за децата.

Ова дополнително укажува на фактот дека министерката не се грижи ниту за родителите да добијат навремено средства кои им следуваат согласно закон, а дополнително ги игнорира и институциите како народниот правобранител, заклучуваат нашите извори.


Related Articles