Царовска: Состојбата со коронавирусот во училиштата засега е стабилна

Состојбата со коронавирусот во училиштата е стабилна и тие остануваат отворени за настава со физичко присуство на учениците, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска. Бројките што ги…

Состојбата со коронавирусот во училиштата е стабилна и тие остануваат отворени за настава со физичко присуство на учениците, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска. Бројките што ги соопшти се исти како и во минатите недели, нема голем број КОВИД-позитивни ученици.

Процентот на новозаразени според дневните статистики, рече Царовска, се движи од 0,01 до 0,03, а вкупниот број што во апсолутни бројки е 25 до 70 деца на вкупно 255.000 ученици. Активни случаи во училиштата како што соопшти Царовска не надминува 0,3 отсто од вкупно 255 илјади ученици коишто следат настава со физиччко присуство што во апсолутни бројки е околу 760. Тоа значи дека околу 10% од дневната бројка на заразени со ковид отпаѓа на децата од училишна возраст како и нешто под 10% од вкупниот број на активни случаи.

Министерката за образование и наука, истакна дека уште од летото училиштата се подготвени за три сценарија и дека најпосакувано е настава со физичко присуство бидејќи е од најголем интерес за учениците.

-Се следи ситуацијата и таа е стабилна во моментов. Но, доколку имаме алармантна ситуација и потреба од носење рестриктивни мерки и во другите сектори, секако дека Министерството за здравство заедно со Министерството за образование и наука ќе разгледува можности за следните сценарија. Но, апелирам дека ситуацијата е стабилна во моментов и дека во највисок интерес на секој ученик е тој да биде во училиште. Тоа не е само наша проценка, туку и според меѓународните организации што работат на квалитетот на образованието во целиот свет, посебно во земјите во развој како што е нашата, изјави Царовска по доделување на наградите од Конкурсот за ученици од основното образование инспирирани од делата на Блаже Конески.


Related Articles