Хипократ: “Зошто да умре човек во чија градина расте жалфијата?”

Голем број луѓе не ја сакаат зимата и поскоро би ја преспале во хибернација како мечката, затоа што со неа секогаш доаѓа и сезоната на грипот, настинките, вирозите и разни други воспаленија.

Имено, една од намирниците кои секојдневно ги користиме при готвењето, истовремено претставува и лек за низа болести.

“Зошто да умре човек во чија градина расте желфијата?” – Се прашувал Хипократ, споменувајќи ја билката која исто така, со илјадници години се користела како антибиотик.

Жалфијата (Salvia officinalis) е особено добра за грлото, инфекции на дишните патишта, како и инфекции во устата.

Корисна е и за желудочни инфекции и проблеми со цревата, а помага и при намалување на температурата, грозница и болки во телото кои се јавуваат на почетокот од настинката и грипот.

Арапите, исто како и Кинезите и Римјаните, верувале дека жалфијата е клуч за долг живот. Има антибактериски, антифунгални и антивирусни својства.

Од друга страна, научно е докажано дека циметот може да ги убие повеќето бактерии, па дури и оние кои се отпорни на стандардните антибиотици, а помага и против Ешерихија коли.

Само лажичка цимет, покажало истражувањето, убива 99,5 % од тие бактерии за три дена на собна температура.

Затоа, за сите оние кои сакаат здраво да живеат, тимот на НМД приготви три добри и проверени рецепти:

1.РАКИЈА ОД ЖАЛФИЈА

Околу 250 г листови од жалфија потопете во 1,5 литар ракија, најдобро лозова. Оставете да отстои три седмици, а потоа процедете и измешајте со 1,5 кг неутрален мед од багрем.

Промешајте и преточете во стаклени шишиња и оставете да отстои уште три седмици. Повремено протресете, а после овој период можете да започнете со консумирање: По ракина чаша секојдневно.

2.ТИНКТУРА ОД ЖАЛФИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД БОЛЕСТИ

Во 100 мл алкохол 70% ставете 20 грама исечкани листови од жалфија. Оставете на топло да отстои еден месец.

Потоа процедете и преточете во посебно стаклено шишенце со пипета. Употреба: По 10-15 капки од тинктурата во малку вода, сок или чај, трипати дневно. Забрането е за трудници и деца.

3.ЖАЛФИЈА И ЦИМЕТ ПРОТИВ БРОНХИТИС

Растопете две лажички шеќер како карамел, па прелијте со половина литар млеко, исто како кога приготвувате карамел-млеко со путер против кашлица.

Кога ќе зоврие, тргнете од оган и додадете една лажичка ситна сува жалфија и половина лажичка цимет во прав.

Оставете да отстои 10-тина минути, а потоа процедете и пијте трипати во текот на денот по една третина од приготвенит напиток. Пред пиење малку загрејте го.