Иако составот на црешите е пресуден за нивната хранливост и влијание на здравјето, важна е и нивната боја.
Црешите имаат исклучиво антиинфективно дејство и е богата со ризница од антиоксиданси кои го успоруваат старењето, односно причините за стареење.
Ако постои природен лек од дрво, тогаш тоа е само црешата. Овие вкусни плодови го јакнат имунолошкиот систем, крвната слика, коските, крвотокот, како и стомакот. Малку е познато дека црешите се сметаат за природно сретство кое ја ублажува реумата. Имено црешите го намалуваат нивото на уринарната киселина и на тој начин го намалува воспалението на зглобовите и болките.
Поради особина која го елиминира вишокот на урунарната киселина, црешите се идеален соборец за оние кои страдаат од гих или артритис. Се смета дека 20 цреши се 10 пати по делотворни од асирин.
Иако составот на црешите е пресуден за нивната хранливост и влијание на здравјето, важна е и нивната боја. Во темните цреши се наоѓаат повеќе антоцијанидин, кој има козметичко дејство.
Фитохемикалијата одговорна за бојата на црешата го зајакнува врзното ткиво и спречува создавање на брчки така што ги уништуваат штетните ензими кои кожата ја прават стара и збрчакана. Исто така се сметаат за ефикасни во спречување во формирање и таложење на целулит.
Инаку без обзир на бојата, црешите со помош на заштитните киселини и овошниот шеќер потикнуваат работата на стомакот, цревата и хипофизата а со тоа го подобруваат варењето. На тоа допринесува богатиот удел на влакна кои ги содржат.
Црешите влијаат и на елиминација на вишокот вода во организмот и затоа го растеретуваат срцето и крвотокот а ја активираат јетрата и бубрезите. Освен тоа, бактеролошката супстанца во црешите спречуваат сосздавање на забни наслаги со што спречуваат создавање на кариес и проблеми со непцата.
- Една дланка дневно
Една дланка цреши на ден допринесуваат релаксација после напорниот ден и ја подобрува концентрацијата. Оние кои имаат проблем со камен во бубрези или во мочните канали добро ќе им дојде чај од дршките на црешата. Во еден литар вода сварете една дланка исушени дрши и пиетего во текот на денот незасладен.