Децата од населбата Раштак во скопски Бутел секој ден пешачат околу 3 километри за да дојдат на училиште. Родителите бараат овој проблем што е можно поскоро да се реши бидејќи се плашат за безбедноста на своите деца.

“Во есен има многу расфрлан смет. Да, многу се плашиме во зима бидејќи има многу кучиња. Има многу кал. Не знаеме што да правиме, каде да одиме”.

“Многу лошо. Таму има 5 кучиња и многу се плашиме.”

“Најчесто кога е есен и зима, кога одиме преку снег и дожд, од калта не можеме да одиме. Заедно одиме група пријатели, но пак се плашиме”, рекоа децата.

Бараме за децата, за малите ученици минибуси за до училиште. Патот треба да биде асфалтиран бидејќи се гледа во каква состојба е”, вели еден родител.

Еркан Мурсели, заменик-директор на ОУ “Живко Брајковски”, каде што овие деца следат настава, го вели спротивното.

“Сите оние кои се на улицата Раштак, Бутел и Радишан, имаат превоз. Нема проблем со транспортот на децата во нашето училиште. Сите ученици имаат картички за превоз. На улицата Раштак сите деца имаат превоз”, вели директорот Мурсели.