Процесот на масовна вакцинација кој се одвива во последниве неколку денови е дел од националниот план за вакцинација на Македонија. Вакцинацијата во моментов се одвива во неколку градови и тоа Скопје, Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип и Битола. Спортските сали во овие градови се преуредени во вакцинални пунктови каде се спроведуваат неопходните активности.
Од денеска Владата донесе одлука за формирање регионални центри за ковид-19 вакцинација за Струмица, Прилеп и Велес. Таа го задолжи Министерството за здравство да стапи во координација и соработка со општините во овие градови така што ќе се преземат сите активности за формирање на регионални вакцинални пунктови за масовна вакцинација.
Според утринските податоци од Министерството за здравство, заклучно со вчера се вакцинирани 145 043 дози вакцини, а од нив 121 181 граѓани се вакцинирани со прва доза, додека ревакцинирани се 23 862 граѓани, 303 000 граѓани се пријавени за вакцинација на страницата vakcinacija.mk.