Светската здравствена организација (СЗО) се уште ги разгледува податоците за руската антиковид вакцина Спутник В, со цел да ја одобри за итна употреба.

Соопштението дојде откако рускиот министер за здравство Михаил Мурашенко во претходните денови изјави дека административните прашања се главната пречка за СЗО да одлучи дали ќе одобри итна употреба на вакцината Спутник.

Евентуалното одобрување на Спутник би значело меѓународна доверба во вакцината по ригорозна ревизија и би можело да ја отвори вратата за вклучување на руската вакцина во програмата Ковакс, која планира рамномерна дистрибуција на вакцините низ целиот свет.

– СЗО продолжува да го оценува Спутник од различни производствени локации и ќе ја објави одлуката кога ќе се знаат сите податоци и кога ќе заврши ревизијата, се наведува во соопштението на СЗО.