Попладнево во Србија, министерот Ненад Поповиќ и вицепремиер на руската влада Јуриј Борисов, одржаа состанок на кој посочија дека во Србија ќе започне производството на руската вакцина „Спутнук В“. Вакцината ќе се произведува во Институтот „Торлак“, а Борисов истакна дека овој договор меѓу двете земји ќе биде од големо значење за безбедноста и долгорочната заштита на населението од вирусот корона.
Поповиќ истакна дека производството на вакцината Спутник V во институтот Торлак е резултат на договорот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Русија, Владимир Путин, кој диктира високо темпо на развој на билатерални односи меѓу двете земји во своите области.
– За само пет месеци од почетокот на работата за воспоставување на производство на руска вакцина во Србија, задачата што ја добивме од нашите претседатели е исполнета. Србија ќе стане првата земја во Европа што ќе произведува вакцина Спутник V на нејзината територија. Сега ќе бидеме уште поподготвени да ги заштитиме здравјето и животот на нашите граѓани, но и да им помогнеме на нашите партнери во регионот и Европа кои имаат огромна потреба од вакцината – рече Поповиќ.