Расте бројот на заболени од грип, вакцините се потрошија уште првите денови од стартот на вакцинацијата. Според лекарите во земјава пикот на вирусот се очекува кон крајот на месецов и почетокот на февруари. Здравствените власти велат дека се прават напори да се обезбедат нови вакцини за ризичните групи на граѓани, а веќе се набавени дополнителни 1.500 дози на вакцини за здравствените работници.
Граѓаните кои се во ризичната група и кои на време закажале термин кај матичните лекари обезбедиле бесплатна вакцина, останатите платиле 650 денари за да се заштитат од грипот.
Од ресорнбото министерство оваа година набија 49.000 вакцини.
28.000 беа бесплатни за луѓето над 65 години, хроничните болни, бебиња и деца до 5 години, бремени жени и здравствени работници. Останати 21.000 чинеа 650 денари.
Покрај 10-те Центри за јавно здравје, годинава граѓаните се вакцинираа во вакциналните пунктови во Ѓорче Петров, Чаир и Букурешт.
Лани од грип имаше рекорден број на заболени но и починати лица, меѓу кои и дете со церебрална парализа. Дваесеттина лица починаа од компликации од грипот, а повеќе од 2.000 лица заболеа.