Преддијабетесот е состојба во која нивото на шеќер во крвта е покачено, но не е доволно високо за да се дијагностицира како дијабетес. Оваа состојба обично се открива преку тестови на крвта.
Преддијабетесот е состојба во која нивото на шеќер во крвта е покачено, но не е доволно високо за да се дијагностицира како дијабетес. Оваа состојба обично се открива преку тестови на крвта.
Докторот Џонатан Каплан изјави за Eating Well дека преддијабетесот е состојба која покажува дека е време да се направат промени пред да се појават сериозни компликации. Тој издвои неколку промени кои е важно да се воведат во животот.
Јадењето храна богата со растителни влакна може да ја забави апсорпцијата на шеќерот во крвотокот и да помогне да се одржи нивото на шеќер во крвта стабилно. Д-р Каплан препорачува консумирање од 25 до 30 грама влакна дневно, кои ќе бидат распоредени во текот на оброците.
Покрај тоа, редовната физичка активност му олеснува на телото да го регулира шеќерот во крвта и ја подобрува чувствителноста на инсулин.
„Видов многу подобрување кај пациентите кои редовно вежбаат, бидејќи кога вежбате на вашите мускули не им е потребен инсулин за да ја користат гликозата како гориво“, рече тој.
Препорачува да се воведат 10-минутни прошетки во текот на денот, кои на крајот треба да се зголемат на 30-минутни прошетки. Исто така наведува дека здравата телесна тежина е најважна за управување со дијабетесот. За ова тој препорача комбинирање на вежби за сила со план за исхрана.
Каплан наведува дека редовниот и координиран сон е многу важен за луѓето со преддијабетес и затоа советува да легнуваат секоја вечер во исто време. Освен тоа, стресот може да има големо влијание врз нивото на шеќер во крвта, па затоа препорачува едноставни техники на дишење, особено пред оброците.
Следењето на нивото на шеќер во крвта е исто така важен фактор бидејќи им помага на пациентите да видат како нивното тело реагира на различни видови храна и активност.