Научниците од Харвард велат дека луѓето ја потценуваат исхраната базирана на растенија и билки.

Во споредба со оние кои јадат месо, вегетаријанците јадат помалку заситени масти и имаат пониско ниво на холестерол, а тоа се фактори кои водат до срцеви удари и други здравствени проблеми. Вегетаријанската прехрана содржи многу C и E витамини, диетални влакна, фолна киселина, калиум, магнезиум и фитохемикалии.

Поради тоа, вегетаријанците генерално имаат пониско ниво на вкупен холестерол, понизок крвен притисок, помал индекс на телесна маса, сите фактори поврзани со долговечност кои го намалуваат ризикот од многу хронични болести. Овие сознанија ги презентираше професорот по епидемиологија на Харвард, Волтер Вилет, на четвртата меѓународна конференција „Unite to Care“ одржана во Ватикан.

Научниците веќе долги години пробуваат да ја идентификуваат најдобрата исхрана бидејќи истражувањата покажуваат дека четирите главни причини за смрт во западниот свет можат да се избегнат со здрав начин на живот.