Црешите се добар извор на витамините А, Б1, Б2, Б3, Б6, Ц и К и на минералите калиум, калциум, железо, бакар, манган, магнезиум, фосфор и цинк, но дали е добро да се изедат повеќе од 20?
А ова овошје е познато и по тоа што кога ќе земеме една цреша, повеќе не можеме да престанеме, но експертите предупредуваат дека не треба да претеруваме и да јадеме премногу цреши одеднаш, бидејќи може да делуваат како лаксатив и да предизвикаат лошо варење.
Поради тоа е најдобро да се држите до препорачаната дневна доза од околу 150 грама, што одговара на количината од околу 20 цреши.
Црешите содржат и диетални влакна, целулоза, пектин, органски киселини (јаболкова, лимонска и винска) и некои протеини и јаглехидрати.
Црвената боја на црешите ѝ ја даваат антоцијаните и другите фенолни супстанции со антиоксидантна и и активност против стареење. Покрај тоа, антоцијаните имаат аналгетско и антивоспалително дејство и затоа се многу ефикасни при артритис.
Антоцијаните и проантоцијанидите од црешите помагаат во сузбивање на симптомите на астма и алергија, го стимулираат производството на колаген и ги ублажуваат воспаленијата и грчевите на мускулите, па сокот од цреша се покажа како многу корисен за спортистите, кои може да ги ублажат болките во мускулите по трчање и други интензивни активности.
Црешите содржат левулоза, шеќер со низок гликемиски индекс кој нашиот организам полека го апсорбира, поради што ова овошје е многу поволно за дијабетичарите. Освен за јадење, можете да ги користите и за подготовка на сокови, сладолед, овошни салати и освежителни колачи.