Денес на Интернет се појави аудио снимка во која јасно се гледа како Ден Дончев, поранешниот директор на ФЗОМ во рацете држи купче пари. Во аудиотот се слушаат разговори во кои Ден Дончев се фали како е во постојана комуникација со директорот за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов. Видеото е објавено на YouTube и се гледа како Ден Дончев зема пари и потврдува дека е во целосна координација со тогашниот премиер Зоран Заев.
– Во разговорите може да се слушне како Дончев го координира случајот „Рекет 2“, односно да влезат во компанијата „Дијамед“ која пак обвини за рекетирање од власта. Вера Иванова, пак, бизнисменката која го продаде „Дијамед“ на шведска фирма со се 20-годишна лиценца за дијализа, пред неколку месеци поднесе кривична пријава против министерот за здравство Венко Филипче и против директорот на Фондот за здравство Ден Дончев. Адвокатот на Иванова тврди дека ја оневозможувале продажбата на странски инвеститор со што предизвикале штета и на бизнисменката и на државата, пишува еден од нашите електронски медиуми.
На крајот на минатата година словенечка телевизија објави дека Зоран Милески Кичеец и’ се јавил на Вера Иванова, жртвата во аферата „Рекет 2“ за да ја уценува, дека ако не се предомисли за продажбата на нејзината фирма „Дијамед“ ќе следела истрага против неа.
-Само ден подоцна, на 26 октомври, обвинителката Вилма Рускоска најавила дека нејзиното обвинителство ја истражува работата на фирмата ’Диамед’. Две недели подоцна следува поголем шок. Обвинителството ги замрзнува средствата на сопственичката на ’Диамед’, околу 11 милиони евра, стекнати од продажбата на фирмата на шведскиот стратешки партнер, се наведува во друг текст објавен на една тв куќа.
Инаку Ден Дончев си поднесе оставка пред неполн месец, а според тврдењето на Заев тоа било сторено поради наводни здравствени причини.