Власта викендов ќе ја слави Бриселската покана за промена на името за да добиеме членство во НАТО. Во дури 15 градови низ државата в сабота ќе организираат големи, гала граѓански прослави и концерти по повод добивањето на покана за финализирање на преспаснкиот договор и смена на името по што ќе ледува и покана за членство на Македонија.
Ваквиот владин чекор за граѓаните е смешен. Велат дека треба да се почека и да те трчаме пред топка кога во прашање е нешто за кое треба да почекаме некој период.
Токму за тоа дали власта планира да слави, вчера во отвореното студио на Алфа се отвори и тоа прашање. Подбивајќи се и шегувајќи се со можноста за ваков чин – прослава на покана за смена на името за да добиеме покана за члченство – Аналитичарите и политичарите со потсмев и како неверојатна ја одбија оваа можност. Не им се веруваше дека Заевата влада е кадарна за таква пародија.
Сепак, Владата набргу ги демантираше и веќе утрото ја најави прославата за поканата за покана за НАТО. Прославата која освен во Скопје, и во поголем дел од градовите низ државата се очекува да почне од 21 часот, каде ќе настапат околу 40 познати музички имиња.
Инаку, Македонија ќе започне пристапни преговори со НАТО, откако земјата ќе ги заврши сите процедури предвидени во договорот со Грција.
Ваквата одлука на НАТО власта ја оцени како историски успех, а опозицијата смета дека земјата доживува дипломатски фијаско, бидејќи и покрај смената на уставното име и уставот, Зевата Влада не доби ни безусловна покана.