Дојдоа и тие денови кога сами меѓу себе коалициските партнери не се подобни за меѓусебна комуникација, доверба и разбирање. Имено, Самка Ибраимовски од ПЦЕР реагира дека Министерството за труд и социјала негативно се изјаснило за одбележување на денот на ромскиот јазик и геноцидот врз Ромите од Втората светска војна.
Организацијата на ромите револтирана од мислењето кое го добиле од ресорното министерство дека „Ваквите настани, односно заедниците во овој случај Ромската заедница, можат да го остваруваат на најразлични начини и како дел од традиција, во рамките на своите семејства и пошироката заедница“, не е одговор кој го заслужуваат ромите ниту организацијата сега кога веќе сме коалициони партнери.
– Како може еден министер да не ја почитува Резолуцијата на Европскиот парламент од 15 април 2015 година, со која меѓународниот ден на Ромите, Евроска Унија го признала истиот за Меморијален ден на геноцид над Ромите во Втората светска војна, а нашата министерка не принудува овие две одбележувања да ги славиме во семејствата како дел од традиција.
Јас Самка Ибраимовски и укажувам и посочувам на министерката Мила Царовска дека како земја кандитат за ЕУ, треба да се почитуваат сите резолуции кои се донесени. Како пратеник разочаран сум од ваквиот дискриминирачки однос, но времето ќе покаже министерке до кога вака ќе може да се однесуваш, министерството за труд и социјала не е твоја приватна фирма тоа е за сите граѓани на република Македонија и не е ова прв пат вака да настапувате кон Ромите- посочи Ибраимовски.