Комисијата за заразни болести потфрли во целост. Наместо како лекари се поставија како политичари. Епилогот е скоро 6.000 заразени од Ковид од почетокот на месецот до денес. Комисијата која велеше дека се е под контрола и се стави во функција на извршител на Заев и Филипче сега е една од највиновните за енормниот број на заразени.

Веќе неколку дена по ред 20% од вкупниот број на тестирани се позитивни на Ковид што е поразителна бројка. Околу 5.500 луѓе моментално се позитивни на корона вирусот во државата додека бројките на починати континуирано растат.

СДСМ исполитизира се. Исполитизирана е и Комисијата за заразни болести, и менаџментот во здравството, затоа цело лето не се презема ништо во оспособување на нови болнички капацитети, и затоа медицински кадар бега од Македонија.

Власта не ги направи потребните подготовки за претстојниот есенски бран на Ковид што следи па уште сега нема место во болниците. А, нема ниту вакцини против сезонски грип. Власта нема никаква стратегија. За здравјето на граѓаните се одлучува со ден за ден политики. Граѓаните се жртва на аматеризмот на власта. Потребна е одговорност.

 

Граѓаните очекуваат сериозност од власта и Комисијата за заразни болести, а не политизација и собирање на политички поени, се вели во соопшетението на ВМРО-ДПМНЕ