Владата на СДСМ за овие три години се што вети излажа. Заев соочен со својот крај ветува се и сешто, но тоа кај граѓаните веќе не поминува. Граѓаните на Република Македонија немаат кратка меморија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш го поддржувала секое зголемување на платите на работниците кое што треба да се прави врз основа на здрава и развиена економија. Но, Заев треба да се потсети дека претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ склучи колективен договор со кој што се предвидуваше динамично зголемување на платите од 25 проценти. Оваа влада откако е на власт немаше никакво зголемување. Зошто сега се отфрлаат тие 25 проценти и се прифаќаат сукцесивно само првично по 10 проценти зголемување треба да одговори власта која што е во заминување, стои во партиската реакција и се додава:
„ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе даде максимум за да им се помогне на работниците затоа што тие заслужуваат многу повеќе. Крајот на Заев и СДСМ е се поочигледен. Крајот на оваа власт ќе биде на 12-ти април. Од 12-ти април ќе започне обнова на Македонија“.