ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ и Филипче целосно го уништија здравствениот систем

Владата на СДСМ заедно со министерот за здравство Венко Филипче за овие три години целосно го уништија здравствениот систем во државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Не направија ништо за домашната и…

Владата на СДСМ заедно со министерот за здравство Венко Филипче за овие три години целосно го уништија здравствениот систем во државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Не направија ништо за домашната и итната медицинска помош, па сега одлучија пред избори се фалат со набавки на амбулантски возила, иако итната медицинска помош посебно во подрачјето на Скопје беше преполовена. Граѓаните не добија ништо од тоа што им беше ветено од страна на СДСМ пред да дојдат на власт. Освен доцнење на услуги, несоодветни услуги поради заминување на медицински персонал, граѓаните не добија ништо друга од оваа ненародна влада, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека за сето ова СДСМ и Филипче ќе одговараат.

-Ќе одговорат за поразите, измамите и криминалите од нивна страна. По 12 Април следува обнова на Македонија и одговорност за нивното „работење“, порачуваат од партијата.


Related Articles