Во аптеките повторно нема лекови на рецепт. Иако има уште десет дена до крајот на месецот, пациентите ќе мора од свој џеб да ја платат неопходната терапија.е
-Матичната ми пропиша антибиотик за моето дете. отидов прво во аптеката што е во склоп на поликлиниката од каде ми кажаа дека повеќе немаат квота. Потоа отидов во друга поголема аптека, од каде добив одговор дека уште пред две недели ја истрошиле квотата, што значи лекови на рецепт имале само до 6-ти во месецот. Бидејќи се работеше за здравјето на моето дете мораше антибиотикот да го платам приватно, вели една скопјанка.
Бидејќи денеска е сабота нема кој да ни одговори од Фондот за здравствено осигурување зошто и во април нема лекови на рецепт, бидејќи, претходно се правдаа дека проблематичен бил само март поради порамнувањето што го прават во тој месец. Има ли доволно пари за лекови на рецепт или, пак, во прашање е нешто друго, очекуваме во понеделник да добиеме соодветен одговор од ФЗОМ. Инаку, во март на прес конференција директорите на Фондот најавија зголемување на квотите за аптеките.