Во Македонија само 35% од вработените граѓани земаат плата над просечната која изнесува 28.721 денари. Според Државниот завод за статистика, раст на платата најмногу има во ИТ индустријата и фармацијата, но вработените во голем број дејности земаат плати под просекот.
Податоците велат дека текстилната и кожарската индустрија и натаму се со најниски плати кои во просек изнесуваат 17.570 денари. По нив, следуваат платите во рестораните, кафулињата и други дејности поврзани со храна, каде месечните примања се движат околу 18.780 денари. Платите на вработените во образованието, во уметноста, или во производството на прехрамбени производи им се движат од 20 до 27 илјади денари.
Според ДЗС, платите во производство на облека и кожа се 17.570 денари, дејности за подготовка на оброци и служење храна – 18.780 денари, туристички агенции – 19058 денари, производство на прехрамбени производи – 22.481 денари, уметност, забава и рекреација – 26.969 денари, образование – 27.736 денари…