Во Шпанија од последиците на коронавирусот починале уште 56 лица, со што вкупниот број на жртви достигна 28.628, соопшти шпанското Министерство за здравство.
Вкупниот број на заразени денес се искачил на 234.824, додека во четврток тој број изнесувал 233.037 вкупно заболени, додава министерството.
Во четврток од последици на коронавирусот починале 48 лица, што е прв пат од 16 март бројот на починати да падне под 50.
Меѓутоа, „Ројтерс“ напоменува дека растот на бројот на починати и заразени не може да се споредува со бројките од претходниот ден затоа што различни региони ги пријавуваат податоците со задоцнување.