Во Србија, од почетокот на јуни, се регистрирани 41 случај на лица заболени од Западнонилска трска, од кои тројца починале, соопшти денеска директорката на српскиот Институт за јавно здравје Верица Јовановиќ.
Сепак, според неа, нема причина за паника кога е во прашање Западнонилската треска, бидејќи Институот и здравствените установи дејствуваат заеднички во справување со болеста.
Јовановиќ нагласи дека тројцата починати од Западнонилската треска биле повозрасни лица, кои имале намален имунитет.
Таа им препорача на граѓаните да преземаат и лични превентивни мерки, како носење облека со долги ракави и ногавици и да избегнуваат прошетки при изгрејсонце и по зајдисонце, кога има најмногу комарци, бидејќи вирусот на Западнонилската треска се пренесува на луѓето само преку убод од инфицирани комарци.