Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информираше дека во изминатото деноноќие беа направени 912 тестови, а регистрирани беа 134 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 63, Битола – 13, Крива Паланка – 7, Кавадарци – 6, Ресен и Крушево – по 5, Прилеп и Гостивар – по 4, Куманово, Струга, Берово и Кратово – по 3, Велес, Штип, Кочани и Гевгелија – по 2, Тетово, Охрид, Струмица, Кичево, Неготино, Делчево и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (134), регистрирани биле 33 реинфекции.
Регистрирани биле и 144 оздравени пациенти од: Скопје – 81, Битола – 8, Штип – 7, Прилеп и Куманово – по 6, Велес и Кочани – по 5, Гостивар и Струмица – по 4, Крива Паланка, Кавадарци, Неготино и Радовиш – по 3, Ресен, Гевгелија, Тетово, Охрид, Кичево и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатото деноноќие пријавено било едно починато лице, од Куманово (65г). Лицето починало во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани биле две починати лица, од Струмица (74г) и Виница (76г). Едно лице починало во болнички и едно лице во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29.08. – 31.08.2022
Досега во земјата се направени вкупно 2.155.983 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.261, бројот на оздравени пациенти е 330.472, на починати е 9.502, а бројот на активни случаи заклучно со 06.09.2022 изнесува 1.287.