Во текот на ноќта но и денес, голем број на загрижени граѓани предупредија на ширење на загаден воздух и чад од Депонијата Дрисла каде што во текот на изминатата ноќ, константно имало пламени од чад и дим, соопшти Демократски сојуз.
– Бараме државните институции да направат вонреден инспекциски преглед но и да преземат слични мерки, доколку се потврдат точни информациите дека во Дрисла се гори комуналниот отпад, а потоа се покрива со земја, стои во соопштението на ДС.
Дел од вработените кои сакаа да останат анонимни неофицијално посочија дека медицинскиот отпад се закопува и гори како обичен отпад, дека печката за согорување на медицинскиот отпад нема никаков филтер или посебни горилници за согорување на медицински отпад дека тоа е само обична печка.
Пред извесен период излезе во јавноста и информација дека во деновите кога се мери загаденоста на воздухот во овој дел од Скопје, во Дрисла на вработените им се наредува во тие денови печката воопшто да не се пали.
Дали овие информации се вистинската слика за тоа што се случува во Дрисла и дали граѓаните од овој дел на Скопје со право реагираат, за тоа треба да потврдат или негираат овластените органи кои се надлежни да ги решаваат овие работи. Инспекциските служби на градот Скопје, како и невладиниот сектор кој толку бурно реагираше изминатиот период за загадениот воздух се тие што треба да ги проверат овие пријаувања од страна на граѓаните.
Што ќе се случува останува времето да покаже, а граѓаните да чекаат разрешница и поквалитетен воздух од овој дел на Скопје.