Во последниве 24 часа, Соединетите Американски држави регистрирале 34 700 нови случаи на ковид 19. Аризона, Мисисипи, Калифирнија, Невада и Тексас се државите во кои се поставуваат еднодневни рекорди по бројот на новозаразени оваа недела.
Во текот на денешниот ден, Флорида потврди повеќе од 5 500 нови случаи на заразени, што претставува скок од 25% во однос на минатат недела.
Во Тексас, со укинувањето на забраните за движење на 1 мај, се удвои бројот на хоспитализирани пациенти, а бројот на нови случаи се зголеми за трипати за три недели.
Во САД повеќе од 120.000 луѓе починале од вирусот, што е најмногу во светот, додека повеќе од 2,3 милиони се заразени.
Вирусот сега повторно се шири во земји кои претходно ги укинаа рестриктивните мерки за да ги ублажат уништувачките ефекти врз економијата.