Со новиот бран на коронавирус во Македонија се зголеми и бројот на лица кои се позитивни на вирусот, но немаат симптоми.
Податоците велат дека за 24 часа, бројот на асимптоматски случаи во земјава е зголемен за 39 лица.
До 1. јуни во Македонија биле регистрирани вкупно 791 случај на коронавирус кај лица кои немале симптоми на вирусот.
Веќе следниот ден, на 2-ри јуни, вкупниот број на асимптоматски случаи на Ковид-19 изнесува 830 лица.