Веројатно сте забележале дека барем неколку луѓе околу вас имаат настинка, а ако сте загрижени  како да го сочувате здравјето низ оваа зима, еве неколку забавни начини да го зајакнете имунитетот. Една студија покажала дека секс еднаш до два пати неделно го зголемува нивото на имуноглобулин чии антитела се борат против настинката. Па дури и да греши оваа студија, ви преостанува добра забава со партнерот.
Масажа
Со масажа го намалувате стресот, а тој е еден од најважните виновници за пад на имунитетот, пишува Хафингтон Пост. Освен тоа, масажата исто така ја зголемува активноста и бројот на природните телесни „ клетки убијци “ кои се борат против патогените.
Јадете суши
Постојат многу продукти кои може да помогнат за јакнење на имунитетот, а еден од нив е и суши. Нарачајте ролнички од лосос бидејки има омега-3 масни киселини, па на тоа додајте кисел ѓумбир поради антивирусното дејство. Земете и мисо супа бидејки таа содржи пробиотици кои може да помогнат за поттикнување на отпорноста на организмот на патогените. Наместо саке попаметно е да одберете зелен чај поради антиоксидантите.
Медитација
Во последните истражувања се покажало дека луѓето кои успеваат да медитираат имаат дури 50% помалку шанси за респираторни инфекции. Авторите на студијата напишале дека оваа метода е делотворна скоро исто како и вакцината против грип.
Грицкајте бразилско оревче
Богато е со селен, силен антиоксиданс за кој во студиите се покажало дека има позитивно дејство за јакнење на имунитетот. Други извори се туна, мисиркино, жолчка, семки од тиква и семки од сончоглед.
Древни вештини
Таи чи е вид на кинеска вештина на борење во која движењата се прават споро, но концентрирано и може позитивно да делува во јакнење на имунитетот. Оигонг, слична пракса, може да има иста корист. Во една студија резултатите покажале дека таи чи и Оигонг може да го подобрат имуниот систем на постарите возрасни лица после само 5 месеци вежбање.
Забавете се
Немојте да се изолирате за да ја избегнете настинката бидејки друштвеноста во животот е исклучително важна. Во дружтво пријатно се чувствуваме, а тоа на крајот води и до подобро здравје и појак имунитет.
Скијајте
Луѓето кои се физички активни во просек 33 дена во годината се помалку болни од останатите. А и кога ќе се разболат, симптомите траат пократко и побргу оздравуваат. Зимата е идеална за скијање, но добредојдени се и останатите спортови. Ако случајно се разболите, прескокнете го вежбањето бидејки на телото му треба одмор.
Погледнете некој филм
Добар филм кој ќе ве насмее е уште еден сојузник за добар имунитет. Додека се смеете, расте хормонот за среќа ендорфин од кој се чувствуваме убаво.
Школки
Веднаш ќе не асоцираат на море и лето, но всушност идеални се во зима бидејки се најбогат извор на цинк кој е важен за имуниот систем. Многу студии покажале дека дури и мал недостаток на цинк може да не депримира. Ако не сте љубител на школки, искористете говедско месо.