Загадениот воздух, како и големите температурни разлики во текот на денот, причинители за белодробни заболувања кај децата. Лекарите велат дека секојдневното варирање на дневните температури и високите единици на загаденост кои се забележани последните денови во Скопје ја наполнија Детската клиника со деца кои имаат белодробни заболувања.
Во Детската клиника може да се забележи голема раздвиженост низ ординациите, лекарите имаат полни раце со работа. Децата кои се подобро одат во дневна болница, со терапија се испраќаат дома. Додека пак кај децата кои завршуваат во „Козле“ тоа е поради опструкции, бронхити и пневмонии, а доаѓаат и деца со ларингит.
Дури може да се забележи дека има зголеменото присуство на изолирана бактерија микоплазма, атипична пневмонија кај пациентите. Најмалиот пациент кој има пневмонија е едномесечно бебе. Има многу дечиња кои имаат пневмонија и тоа од три години, па нагоре. Во амбулантата во текот на денот се третираат од 70 до 100 пациенти.
Сведоци сме дека од минатата година се до денес се забележуваат енормни високи единици на загаденоста на воздухот во Скопје, па и на целата територија на државата, а градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и владата не се ни обидува да помогне во намалувањето на загаденоста со одредени мерки кои ќе ги предложат и спроведат.