Според податоците на Еуростат во врска со тоа какви се можностите на жителите на Европа да си дозволат една недела годишен одмор надвор од местото на живеење, за повеќето граѓани на Македонија тоа не е возможно.
Резултатите на истражувањето се неповолни и за повеќето земји од регионот.
Граѓаните на Хрватска во однос на минатата година се во незначително подобра ситуација, но понатаму се во лошиот дел од листата – 58,1% од населението не може да си го дозволи луксузот на еднонеделен одмор надвор од земјата.
Граѓаните на соседна Грција, која е позната туристичка дестинација, се седми по ред од дното нагоре, според финансиските можности да летуваат во странство.
Во групата со Македонија се и Србија, Кипар, Бугарија и Романија.
Кога се во прашање останатите земји од регионот, 22,8% од жителите на Словенија не можат да си дозволат летување од една недела.
На другиот крај од листата, над 90% од Норвежаните, Швеѓаните и Швајцарците може да си дозволат барем една недела одмор надвор од земјата.