Ден Дончев директор на ФЗОМ се обиде да ја објасни новата мерка за прераспределба на лековите иако не беше ниту сигурен во самото презентирање на мерката.
Ја изедначивме меѓусебната конкуренција за да нема доминантни позиции на пазарот. И тоа исто така меѓу другото во тој правен аспект имаше повеќе од 20% од квотите, посочи Ден Дончев, директор на ФЗОМ.
Дончев образложи дека вториот момент преку оваа распределба преку 500 аптеки во државата ќе добијат поголема месечна квота од 300 евра месечно значи 500 аптеки ја зголемивме квотата за 300 евра месечно. Воведовме нешто што се нарекува трансфербилност на квотите. Односно во рамките на една подрачна единица на фондот, ако една компанија ПЗУ има повеќе од две аптеки иако квотата во една аптека се истроши, а другата е само 50% потрошена, воведовме механизам да може да се пренесува квотата од една аптека во друга аптека. За да не остане ниедна аптека без неискористена квота до крајот на соодветен месец.
Јас не сум направил студија кои лекови исчезнуваат, а кои не исчезнуваат. Оти квотата е широк поим. Тоа ја опфаќа целата листа на позитивната листа, појасни Дончев.
Оваа мерка дали ќе успее е голем прашалник, бидејќи граѓаните немаат многу доверба во ФЗОМ. Бидејќи граѓаните се оставени сами на себе, лекови да има до 5-ти месецов, а потоа да нема. При што државата не водеше грижа затоа. Зар требаше да поминат повеќе од две години за да Дончев сега презентира нова мерка за регулација на лековите по аптеките.