Лукот има остра арома и вкус кој се разблажува во текот на готвењето.
Лукот е употребуван како лек во многу култури во текот на илјадници години, односно неговата примена во медицински цели е стара колку што и египетските пирамиди.
Лукот најдобро е да се консумира свеж.
Се смета дека лукот помага при:
-срцеви заболувања,
-високо ниво на холестерол во крвта,
-висок крвен притисок и
-рак
Лукот исто така е најдоброто брзо решение за настинката и грипот бидејќи го јакне вашиот имунитет и може да ви помогне да го ослободите телото од токсини.

Овој домашен тоник од лук е совршен за настинки, воспаленија, грип и за зајакнување на имунитетот.

Состојки:
– 1/2 главица кромид
– 5 чешниња лук (сецкан)
– 2 црвени лути пиперчина (грубо сецкани)
– 1 лажица исецкан ѓумбир
– сок од 1 лимон
– јаболков оцет

Подготовка:
Во голем сад, ставете ги сите состојки. На крајот додадете го лимоновиот сок и јаболковиот оцет. Затворете ја теглата со капак и оставете ја да отстои преку ноќ.