Бананата е овошје кое најчесто се препорачува како замена за појадок, но сепак треба да се внимава и во каква состојба се конзумира, велат експертите.
Ова овошје е доста лесно да го имате на својата трпеза, затоа што важи и за едно од поевтините овошја, но сепак она што треба да се знае, велат експертите, е тоа дека зрелоста на бананата има големо влијание врз нејзината нутритивна вредност.
Нутриционистот Рајан Пинто вели дека бананата кога е позрела дека не е и толку добро решение за секого. Според нутриционистот, зелените банани се со лоши јаглехидрати и полни со скроб, а со тоа се отежнува и работата на дигестивниот тракт, па токму затоа организмот се заситува побргу или пак се појавуваат гасови или подуеност на стомакот. Но доколку вам ви се потребни банани, вели тој, со низок гликемичен индекс, тогаш зелените банани се попогодни за вас, затоа што го контролираат нивото на шеќерот во крвта.
Додека пак за жолтите банани Рајан вели дека се попрепорачливи, затоа што се помеки и послатки, а воедно содржат и повеќе шеќер, а со тоа што нивниот гликемичен индекс е повисок тие полесно се варат во организмот.
Додека пак, бананите кои се со кафеави дамки се препорачуваат за јадење при регулирање на низок шеќер, затоа што тие имаат поголемо ниво на шеќер во составот, а како што кажува нутриционистот имаат и повеќе антиоксиданти, кои се поврзуваат со превенција од рак.
Меѓутоа, кафеава банана содржи и до 100 калории, но притоа содржи и поголемо количество на калиум, витамин Ц и Б6.
– Здравствени придобивки од конзумирање на банани:
1. Кората од банана е богата со калиум и содржи многу повеќе растворливи и нерастворливи влакна од нејзиното „месо“, а диеталните влака го помагаат варењето и работата на цревата, а го намалуваат и холестеролот во крвта. Додека пак кората од ова овошје содржи и лутеин кој може да го намали ризикот од појава на катаракта.
Иако, велат нутриционистите, тешко е да се јаде кора од банана, сепак кога плодот е посозреан таа е помека, потенка и поблага. Но исто така кората од бананата се препорачува и за нега на лицето, против брчките, за заштита на забите, како и за брадавици;
2. Утврдено е дека јадење на барем две банани во текот на денот го зголемува нивото на серотонин во крвта за 16%;
3. Ги ублажува симптомите на ПМС, затоа што витаминот Б6 кој го содржи бананата го регулира нивното на глукозата во крвата која влијае на нашето расположение;
4. Ги зајакнува мозочните функции, затоа што истражувањата покажуваат дека калиумот помага пи учењето;
5. Помага при покачен крвен притисок, поради поголемопто количество на калиум и малото количество на солта која ја содржи во себе.