Францускиот институт Пастер денес потврди дека лицата заболени од лесна форма на Ковид-19 се имуни на повторна инфекција барем на краток рок. Оттаму посочуваат дека е направена студија врз 160 здравствени работници во две универзитетски болници во Стразбур. Тестираните лица биле позитивни на вирусот, имале благи симптоми и за ниту еден не требало хоспитализација.
-Антитела беа пронајдени кај 159 од 160 лица, изјави професорот Арнауд Фонтане од Институтот Пастер што ја спроведе таа студија.
Професорот Арнауд Фонтанет, кој ја водеше студијата вели: „Она што е уште поинтересно е дека баравме антитела за кои знаеме дека обезбедуваат заштита од, да речеме, реинфекција“.
-И тука, еден месец подоцна, ги најдовме во 98 проценти од луѓето кои биле заразени со Ковид-19, резултати кои се навистина добри вести“, изјави тој.
Засега останува нејасно колкав процент на лица кои се заразиле со болеста развиле антитела.