Здружението на бубрежно болни граѓани Нефрон денеска ќе го одбележи Европскиот ден на органодарителството.
Традиционално осма година по ред здружението Нефрон во соработка со надлежните институции, медицинските професионалци и своето членство ќе сподели искуства, предизвици и барања на пациентите во однос на дарувањето органи и трансплантацијата.
Пациентите кои имаа можност да добијат подарен орган ќе споделат свои искуства од живеењето на вториот живот.
Како што соопшти здружението, во чест на сите оние кои подарија орган како дел од себе или дел од своите блиски и со тоа овозможија нов живот ќе биде засадено Дрво на благодарноста.