Комбајните влегоа во нивите, жетвата на пченица во штипско-карбинскиот регион започна, но сега е прашањето кој ке се офајди од овогодинешната реколта. Првите ожнеани снопја веќе се продаваат по осум денари за килограм, што е неприфатливо за земјоделците.

Немањето на производна цена во прилог им оди само на млинарите и дивите откупувачи, реагираат денес од Асоцијацијата на земјоделци..

Од друга страна дополнителен проблем за жетварите се минатонеделните врнежи од дожд. Калта во нивите може да ја одложи жетвата

Од ресорното министерство велат дека сè уште не може да се објави производната цена бидејки жетвата и откупот на пченица допрва почнуват. Според министерот Љупчо Николовски се очекува цената на лебното зрно да се зголемува, бидејќи одредени региони пред жетвата имаа големи штети од градот, што придонесе да се намалат и приносите.