Кивањето е еден од најефективните (а често и задоволувачки) работи кои ги правиме. Се чувствуваме како нешто што не ни било потребно да излегува од нас. Но, зошто киваме? Прво, првичната причина поради која киваме е дека на тој начин нашето тело реагира на прашината и различните иританти и надворешни состојки и честички околу наас.
Постојат многу различни начини на кои луѓето киваат, но тоа произлегува од белите дробови кои го испраќаат воздухот кон нашата уста за речиси 100 км на час. Тоа е всушност огромна моќ.
Но, зошто велиме “на здравје“? и, дали се уште го велиме тоа. Всушност, и не постои еден универзален одговор. Многумина ќе се сложат дека старите Грци и Римјани сметале дека кивањето е знак за севкупно добро здравје и добросостојба. На тој начин, кога некој ке кивнел тие изразувале позитивни желби, велејќи „живеј долго“ или „Јупитер да те благослови“.
Според други автори, кивањето произлегува од тоа дека ѓаволот ја краде душата на некоја личност во моментот кога таа кива. Уште едно популарно верување е врзано со тоа дека нашата душа се обидува да избега во моментот кога се обидуваме да кивнеме. Оригинално, овој израз потекнува од Папата Грегориј кој во 590 г. п.н.е наредил дека секој кој ќе кивне, веднаш биде благословен. Идејата позади тоа е дека требале оние кои кивнале да се држат во добро здравје, бидејќи кивањето е знак дека телото го нападнала смртоносна болест.
Денес, не го сметаме кивањето за толку сериозна работа и најчесто веруваме дека е предизвикано од настинка или прашина.