Портпаролката на ГСК, Елизабет Вандам, во писмен одговор во Брисел порача дека фирмата била информирана за проблемот околу етикетите и амбалажата во Македонија и дека моментално води истрага за случајот, беше соопштено од Брисел од седиштето на претпријатието.

-Нашите вакцини Приорикс се испратени до дистрибутер во Македонија, Македонија Лек. Можеме да потврдиме дека сите вакцини Приорикс се испратени директно од местото на производство во Вавре, Белгија и дека овие вакцини ги почитуваат стриктните правила и нормите на квалитет на Европската Унија, стои во дописот.

ГСК води истрага за ситуацијата и “тесно соработува” со локалните власти во Македонија како и со дистрибутерот посочија информациите кои ги добивме од Брисел