Во текот на изминатата недела, регистрирани се 7 смртни случаи асоцирани со грип, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Се работи за 3 лица од Скопје, две од Кичево и по едно лице од Ресен и Валандово. Возраста на починатите се движи од 37-82 години.

Кај 5 лица е утврдена претходна хронична болест, односно постоење на ко-морбидитет, а кај останатите две не се констатирани претходни заболувања. Кај 43% од починатите потврден е А(H1pdm) вирусот на грип.

Од  11.03 до 17.03.2019, пријавени се 1.573 случаи со заболувања слични на грип, што е за 35,2% намалување во споредба со минатата недела.

Бројот на пријавени лица оваа недела е поголем за 20,6% споредено со 11-та недела од минатата сезона, а во однос на просекот за 11-та недела  од  последните 8 сезони, постои зголемување за 2,1 пати. Како и во текот на претходните недели од почетокот на сезоната, така и во 11-та недела од 2019 година , најголем број заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години.

Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 19.204. Но и покрај толкавата бројка министерот Филипче сеуште не се одважи да прогласи епидемија. И сеуште продолжува да биде министер за здравство – посочија група на пациенти со кои раговаравме