По обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за хаосот во здравството и забелешките од ЕК, како и барањето метлата на премиерот Заев да го измете министерот Филипче и тој повеќе да не седи во министерската фотелја, се огласија и од Министерството за здравство.

Од министерството за здравство го посочуваат следново како позитивно:

МЗ: Во извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија како позитивни се оценети чекорите на Министерството за здравство за унапредување на јавното здравје во повеќе категории.

Во поглед на зголемувањата на платите на медицинскиот персонал во јавното здравство и подобрување на политиката за задржување, дадена е позитивна оценка во извештајот.

Со проектот за вработување на млади лекари ќе се развијат кадри кои ќе останат да работат во Македонија, каде со мерките што се преземаат во моментов, ќе може да ја остваруваат својата лекарска кариера во земјава.

– Да, така изгледа убаво на хартија меѓутоа реалноста е сурова, бидејќи персонал се повеќе нема, операциони сали се затвораат бидејќи нема анестезиолози, нема персонал и хирурзи да ги опслужуваат пациентите, сестри и останат медицински персонал има се помалку, докторите кои во моментот специјализираат напоредно изучуваат и некој странски јазик за да може по специјализацијата веднаш да заминат надвор од државата или во некоја приватна институција.

А, тоа што не сака да замине и сака да остане во јавното или  државното здравство да се вложи себеси тука министерот Венко Филипче го распородава заедно со клиниките по приватните сектори кој сака да купи или да работи клиника или има лиценци може да ја земе кардиохирургија, детска клиника, гастро и слично, ако сака може со персонал, ако не во тој случај само клиниката за персонал ќе си најде, а тој персонал што ќе остане вишок нека се снаоѓа, министерот нема обврска да им обезбедува на сите кои ќе останат како вишок од клиниките следно вработување или ангажман. Каде е тука позитивната страна на извештајот? јавноста неможе јасно да ја види

МЗ: За зајакнување на капацитетите на здравствените установи, во отворена и транспарентна постапка, Министерството за здравство набави 12 нови возила за Итната Медицинска помош. Половина од возилата се наменети за градот Скопје, со што за 100% е зголемен капацитетот на службата за ИМП. Останатите 6 се наменети за Здравствените Домови во Крушево, Кичево, Крива Паланка, Берово и Општата болница во Струга и Дебар. Со набавката на амбулантските возила, Министерството за здравство заштеди 12 милиони и 240 илјади денари или околу 200 илјади евра.

– Во конкретниот случај за ИМП, министерот Филипче нема обезбедно сервис и возилата кои ги има Итната медицинска помош, возилата до каде возат до таму, кога ќе треба да се поправаат нема кој и нема резервни делови. Освен тоа бројот на возила за ИМП е десетоструко мал и недоволен за град како Скопје. Наместо министерот да ги дели тендерите во 4-ри очи да се ангажира да има повеќе возила и персонал во ИМП граѓаните на Скопје и побезбедно и посигурно би се чувствувале.

Филипче се фали дека има 12 возила во ИМП на градот Скопје, кој се знае дека е град со приближно 800 илјади жители. За Град со толкава бројка на жители, потребно е да има на секои приближно 12-ет илјади жители по едно возило на Итната Медицинска Помош или вкупно 66-ет амбулантни возила кои во истиот момент би биле во функција и би имале персонал да ги опслужи. Да се напомене да не се заборави дека освен тие 66-ет возила треба да има и извесен број на возила како резерва. Но, наместо тоа министерот Филипче, градот Скопје го покрива со 12-ет возила и тие се, се на се тоа со кое располагаме, нема резервни, нема план Б, тоа е.

Според анализите на состојбата во ИМП во тој случај може да се каже дека едно возило на ИМП покрива преку 66.000 илјади жители на главниот град и ако во истиот момент двајца имаат потреба од ИМП и амбулантно возило некој мора да чека, а веројатноста дека само двајца ќе побараат помош или амбулантно возило на 66.000 илјади жители е за неверување. На 66.000 илјади жители многу повеќе граѓани ќе побараат помош, но како ќе одговори ИМП со само 12-ет возила со кои министерот Филипче е крајно горд и тоа го оценува како позитивна работа во извештајот на ЕК? Како неуспехот е позитивен повторно прашуваат граѓаните?

МЗ: И покрај ограничените услови, Министерството за здравство го зајакнува здравствениот систем во нашата држава. На седница на Влада ја усвоивме информацијата за изградба на нов и модерен Клинички центар, во кој пациентите ќе имаат подобри услови и подобра и побрза квалитетна здравствена заштита. При крај е реконструкцијата на комплетно новиот објект на Ургентниот центар во Куманово и наскоро ќе биде пуштен во употреба. 80% од реконструкцијата во болницата „Св. Еразмо“ – Охрид е завршена, со што оваа болница ќе добие современ регионален центар од областа на ортопедија и трауматологија. Во моментов со успорено темпо се гради и новата Клиничка болница Штип.

– Овие проекти со кои министерот Филипче се перчи се само проекти кои ги има наследено од претходната власт и истите се во завршна фаза не затоа што министерот ги осмислил и започнал и избуткал до крај туку затоа што претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе обзир, чувство и осет за обичните граѓани како и слух за нивните потреби. Па, поради тоа и овие проекти се завршуваат и реализираат, инаку оваа влада на чело со министерот за здравство, Филипче, во сегментот на здравството во Македонија, помогна во здравствениот систем на тој начин што само што седна во министерската фотеља, веднаш го раскина договорот за реновирање на клиничкиот центар Мајка Тереза, им вети на граѓаните нов клинички, продолжи со ветувања за катна гаража, изработени физибилити студии и планови со главна преставка ЌЕ.

Ќе биде изграден, Ќе бидат направени, Ќе донесеме, Ќе оствариме и од сето тоа ЌЕ,ЌЕ,ЌЕ на крајот пациентите сеуште се во истиот клинички центар, се лекуваат во истите клиники, персонал се помалку, од ветувањата НИШТО.

Работите со кои Филипче може да се гордее и да каже дека се негови и во неговиот мандат завршени се: продажбата на клиниките, губењето на голем број на стручен кадар и персонал по болниците, одлив на доктори надвор од државата, затворање на операциони сали, болници во стечај, епидемии кои траат до бескрај, тендери во 4-ри очи, присилена вакцинација, условување на родителите со школството на нивните дечиња со едукацијата на младите умови ако не се вакцинирани, повторно за профит, негрижата за пациентите, болните, граѓаните на Македонија, сето ова и многу повеќе.

ДА, вистина е, за сето ова е заслужен Филипче, ама јавноста не верува дека за ова се добива позитивна оценка дома, кај својот народ, а да не збориме од Европската Комисија. Кои се позитивните работи кои Филипче ги направи во својот мандат? Народот прашува, време е да дадеш отчет, каде си Филипче да кажеш што направи позитивно за твоите сограѓани!

Со сите овие забелешки од обичните граѓани и јавноста, како може да излезе МЗ и да посочи дека има позитивен извештај од ЕК, кои се позитивните точки, сегменти кои што обичните пациенти не ги чувствуваат и зошто? Не да се збори за трансродови групи, за нивното здравје и глупави слични теми поврзани и наметнати од Европа, бидејќи тоа обичниот граѓанин не го засега, социјалните аспекти во здравството не се средени, министерот само дава ветувања и не ги исполнува, дели тендери на блиски соработници и се фали дека сработил нешто со проекти од минатата власт, се што требаше да се сработи го стопира Филипче, а се посочува дека извештајот од ЕК е позитивен.

Тоа е исто како градоначалникот на град Скопје што дојде на функција ветувајќи дека ќе го спаси Скопје од загаденост додека беше дел од опозицијата, сега кога е дел од власта и актуелен татко на градот, нема ниту една мерка превземено за подобрување на квалитетот на животот во главниот град, ама затоа секој ден се збори дека да се живее во Скопје е позитивно, Скопје е најчист град во Светот и покрај сите мерењата на светско ниво дека сме загадени како Бомбај, Шилегов аплицира со град Скопје на натпревар за најзелен град во светот.

Е тоа се тие дубиози и колективно на власт мислење дека со збор се се менува, дека делата не се потребни. Се лажеш Филипче, исто како Шилегов, што побргу да се исчистите од позициите на кои сте за да граѓаните на градот Скопје, а воедно и на Македонија да можат да видат подобрување во квалитетот на животот навистина, не само на збор.

Од позитивниот извештај на ЕК за здравството во Македонија, останува само да збориме за здравството во Македонија, за неспособноста на министерот Филипче, бидејќи тука јавноста и граѓаните не гледаат ништо позитивно!