Прекумерно потење

Постојат различни симптоми кои укажуваат на тоа дека имате ниско ниво на витамин Д во телото.

Еден од најопштите симптоми на недостаток на витамин Д кај возрасните луѓе е прекумерно потење во пределот на главата во споредба со другите делови од телото.

Прекумерното потење може да биде поврзано со недостаток од витамин Д и во тој случај треба да се консултирате со вашиот лекар.

Болки во коските

Недостаток од витамин Д може да ја намали способноста на телото да внесува калциум во коскеното ткиво, што може да доведе во остеомалација или слабеење на коските.

Болки во мускулите

Витаминот Д не влијае само на коските, туку и на мускулите. Недостатокот од витамин Д може да предизвика болки во мускулите, намалена мускулна маса и споро опоравување на мускулите по интензивна телесна активност.

Хроничен замор

Ова може да биде причина од недостаток на витамин Д во телото. Студијата која го проучува влијанието на витаминот Д во телото смета дека сонот се нормализира со нормализирањето на витаминот Д во телото.

Губиток на коса

Витаминот Д предизвикува опаѓање и ослабување на косата. Доколку забележите константно опаѓање на косата, време е да се погрижите за хранливоста на оброците.

Анксиозност и депресија

Витаминот Д е единствениот витамин кој влијае на многу делови од нашето тело, вклучително и мозокот. Откако ќе го внесеме во телото, ослободува невротрансмитери како што се допамин и серотонин кои влијаат на работата на мозкот.

Според научниците, недостаток од витамин Д доведува до анксиозност, депресија и може да биде поврзан и со менталните болести, вклучувајќи ја шизофренијата.