Венко Филипче и Зоран Заев продолжуваат да ги манипулираат граѓаните.

Власта ги изманипулира лекарите и медицинските работници. Нема ништо од ветените 100.000 денари плата, а поминаа три години од мандатот.

Нема ни трага ни глас за Клиничкиот центар кој сега речиси требаше да биде готов. Клинички центар кој благодарение на СДСМ, Заев и Филипче ќе чини најверојатно 3 пати повеќе од претходно планираното.

Заев и Филипче не направија ништо за подобрување на здравствената заштита на граѓаните и подобрување на здравствените услуги. Но затоа добро се погрижија за своите приватни бизнис интереси и лично богатење со наместени криминални тендери со милионски суми.

Здравството во Македонија е на дното.

За ваквата негрижа и неспособност, за лагите и манипулациите од страна на власта на Заев и министерот Филипче ќе следи одговорност.

Народот на 12 април ќе им порача дека е доста од нивните неуспешни политики, криминални тендери, луксузирање со народни пари и спроведување политики на штета на граѓаните.