Министерот Филипче, тек допрва почна да се загрижува и да обрнува вниимание на сето она што е пропуштено, кои се недостатоците и каде, полека и на него му се отплеткува клопчето, не дека ќе успее далеку да види и нешто да се смени во здравството така рапидно и веднаш, хаосот кој што владее во здравството едноставно година дена ја „цица“ силата и снагата на сите пациенти, на сите доктори, на целиот медицински персонал. Грешките се неизбежни!

Да не се случеше во „комшии“ да заигра мечката немаше ниту тој ниту пак некој друг во министерството да се ангажира за да се набават сите тие интервенти и по итно дози лекови за Маларија.

Сега се бара компанија која со интервентен увоз ќе се нафати да обезбеди барем некаква количина на таблетите за Маларија, кои се превентивна терапија за оние лица кои планираат да заминат во африканските или азиските земји, каде оваа болест е најмногу распространета.

Во моментот ниту една иституција од областа на медицината во државата нема ниту еден лек против оваа болест, а според податоците од ИЈЗ во последниве 10 години се регистрирани вкупно 27 случаеви на заболени во земјава.

Не е тоа толку страшно и како вест не би било доколку реакцијата на министерот е навремена и без при тоа да има или да се појави потреба од набавка на овие таблети. Страшното е што никој не мисли и не гледа подалеку од тоа што мора и треба да се направи во моментот, затоа и здравството е на ова „дереџе“ каде што се наоѓа во моментот.