Овошјето, зеленчукот, јаткастите плодови и ферментираните млечни производи се само некои од намирниците што придонесуваат нашата исхрана да биде урамнотежена 365 дена во годината.
Многумина од нас тежнеат да се хранат здраво, но понекогаш е навистина тешко да се снајдеме во сите тие упатства, различни пристапи, нови научни истражувања…Затоа ви ги претставуваме наједноставните правила. Без нив не можете. Научете ги, почитувајте ги и нема да згрешите!
2 Најдобро е овошјето да се јаде свежо, како ужина. Ако сакате да го консумирате во рамките на оброк, нутриционистите советуваат да го изедете половина час пред преостанатата храна.
3 Зеленчукот е најдобро да се консумира во вид на салата (свеж) или обарен.
4 Се советува да се консумираат две коцки црно чоколадо на ден, а доколку сте под голем стрес, дозволено е и топло какао пред спиење. Добар избор се и соковите од цедено овошје што сами ги приготвуваме, без додавање дополнителни шеќери.
5 Брзата храна никогаш не е добар избор – заменете ја со готвено јадење, особено на пареа,или печено во рерна. Понекогаш можеме да уживаме и во храна приготвена на електрична скара. Најдобар избор е посното месо, а двапати неделно не е лошо на менито да се најде риба.
6 Ужината може да се состои од јаткасти плодови. Тие се корисни бидејќи содржат мононезаситени масти, влакна и важни минерали и витамини. Но треба да бидете внимателни – многу се калорични, па доволно е да се земат неколку плода, односно еден грст.Само три плода бразилски орев е доволно да ги задоволат дневните потреби на организмот од селен, а важно е да знаеме дека оревите и семките се богат извор на витамин Е, кој спречува проблеми со видот.
7 Кога избираме масло за приготвување храна, треба да внимаваме да биде ладно цедено. Маслиновото масло е неприкосновено за салатите поради незаситените масни киселини во својот состав, а маслото од семки од грозје е одлично за готвење и водено претставува заштита од појава на крвни тромбови.На мажите им се препорачува масло од тиква, затоа што е добро за здравјето на простатата.