Годишно во земјата има помеѓу 4000 до 5000 абортуси.

Изминатите две години на Клиниката за гинекологија и акушерство на 8 малолетнички им бил направен абортус. Најмладата од нив имала само 15 години. За да биде направена оваа медицинска интервенција, задолжително е потпишување на согласност и присуство на еден од родителите.

На Клиниката за гинекологија и акушерство е регистриран и случај со 13 годишно девојче од внатрешноста на која и бил направен абортус. Таа е најмладата особа која абортирала. Во установата дошла заедно со сопругот.

Според лекарите кои разговарале со жените кои абортирале тие истакнале дека се одлучиле за прекин на бременоста поради лошата финансиската состојба, отфрленоста од околината и бројноста на семејството.