Луѓето развија многу различни симболики за папокот, го накитија со пирсови и од него направија украс и секси предел, но никој не е сигурен за неговата функционалност.
Научниците се запрашаа зашто е тоа така. Зашто го имаме папокот, кога тој нема никаква функција ? Зашто некои од папоците ги сметаме за привлечни, а некои ни се језиви и одвратни ?
Аки Синконен смета дека го најде вистинското решение. Тој постави хипотеза каде тврди дека функцијата на папокот е во тоа да покажува на потенцијалот на репродукција кај жената.
Папокот треба да биде показател на индивидуалната виталност. Тој треба да покажува на репродуктивниот потенцијал вклучувајќи го и ризикот на генетските аномалии.
Синконен тврди дека со рутинските проверки на женските папоци, може да се предвиди и да се спречи ризикот при бременост.
Би се мерела симетријата, положбата и обликот на папокот.
Најпривлечниот папок би требал да биде во Т-форма, овален и вертикален. Изобличените или многу длабоките папоци се сметаат за помалку привлечни.
Дали тоа значи дека жените со овална форма на папокот имаат подобар потенцијал за репородукција? Според оваа теза, да.
Каков е вашиот потенцијал за репродукција, според обликот на вашиот папок?