Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа има пет починати од Ковид 19 во Македонија и 35 новозаразени.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (69г) хоспитализиран на 15 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (70г) примен во болницата на 17 мај и двајца од Скопје, пациент на возраст од 70 години, примен на 28 мај и 47 годишен пациент на болничко лекување од 21 мај.
Во денешниот извештај на ИЈЗ е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на ковид-19.
Во последните 24 часа направени се 1120 тестирања, а регистрирани 35 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-22, Куманово-4, Штип-1, Тетово-6, Струга-1 и Гостивар-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2164, бројката на оздравени пациенти е 1535, на починати е 131, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 498. По завршување на епидемиолошките анкети, две лице кои вчера беа евидентирани во Скопје, се соодветно распоредени во Тетово и Куманово според местото на живеење.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 4 пациенти, хоспитализирани се вкупно 40 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 10 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 3 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15, а на домашно лекување се следат 10 пациенти. На ифективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 29 пациенти -позитивни и сомнителни на ковид-19.