21.00 – 23.00 ч.
Во овој период се воспоставува баланс на ендокриниот систем кој е задолжен за хормоните и метаболизмот. Доколку имате проблеми со спиењето во тој дел од ноќта, можно е да сте под стрес поради случувањата од изминатиот ден или поради тоа што ве чека во текот на утрешниот ден. Оваа енерија се блокира доколку не се храните правилно.

23.00 – 01.00 ч.
Будењето во ова време од ноќта покажува дека нешто ве измачува, односно дека имате грижа на совест. Тоа е кога јин (женски аспект) енергијата се претвора во јанг (машки аспект). Во тој период е активна жолчката, па доколку се будите тоа е знак дека кознумирате премногу маснотии.

01.00 – 03.00 ч.
Ако најмногу се будите во овој период од ноќта, веројатно сте лути и фрустрирани, односно сте биле полни со негативна енергија во текот на денот, па тоа влијае и на спиењето. Треба да се опуштите, бидејќи овој период од ноќта е од голема важност за вашето тело, кое токму во тој период ги отфрлува отровите и се обновува. Исто така, можеби имате проблем и со црниот дроб, па добро би било да посетите и доктор.

03.00 – 05.00 ч.
Тага и болка се причините поради кои се будите во ова време, но исто така ако ви е студено додека спиете. Постои можност да имате проблем и со белите дробови или доколку немате доволно кислород во организмот.

05.00 – 07.00 ч.
Во овие часови активно е дебелото црево, а токсините кои за време на ноќта се деградирани, полека излегуваат од телото. Доколку сте јаделе многу доцна или јадете нездрава храна може да биде причина за будење во овие часови.